На состанокот се разговарало и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан
Шефот на државата, Стево Пендаровски, вечерва оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината еднодневна работа посета на земјава. Како што информираат од кабинетот на претседателот, тие размениле мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција.
„Констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок“,
информираат од кабинетот на претседателот.
Пендаровски нагласил дека важна поддршката од ЕК во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на ковид-19.
На состанокот се разговарало и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан.