И покрај пандемијата со коронавирусот, фестивалот „Егзит“ во Нови Сад годинава сепак ќе се одржи.
Наместо во јули, тој е закажан за период од 13 до 16 август, потврдија организаторите.
Според планот, на Петроварадинската тврдина ќе има 20 бини, а интересот за влезниците, според организаторите, и натаму е голем.
„Посетителите од соседството, веќе е извесно дека ќе ги надминат по бројност сиве претходни години, а како што се отвораат земјите од Европската Унија, така расте интересот и во нам блиските Унгарија, Австрија, Германија, Чешка, Романија, Бугарија, Грција и други”,
соопштуваат од „Егзит“ тимот.
Во продажба остануваат 25 отсто од билетите коишто се набавуваат преку овластени интернет-страници.
Оние кои набавија влезница пред прекинот на продажбата поради пандемијата, ќе можат, ако сакаат влезницата да ја заменат за фестивалот за наредната година или да си ги вратат парите.