Кај Неготино, рече премиерот, ќе има три интерконектори, што дава можност да се изгради енергетски капацитет кој според него и според Вучиќ треба да биде регионален проект за производство на струја за регионот
Србија треба да се приклучи на интерконекторот за гас што се гради од Грција кон Северна Македонија што за соседниот сосед ќе значи уште еден извор за снабдување со гас.
Најавата стигна за време на денешната официјална посета на Белград од страна на премиерот Димитар Ковачевски и владина делегација.

„Разговаравме и практично веќе е договорено дека гасоводот кој ќе се гради од Грција кон Северна Македонија на него ќе се приклучи и Србија. Ние во текот на минатата недела, со Министерството за економија, со компаниите од нашата држава задолжени за енергетика веќе одлучивме дека капацитетот на тој гасовод ќе биде на максимално ниво со оглед на тоа дека сакаме да обезбедиме капацитет Србија веднаш да може со интерконектор да се поврзе на овој значаен гасовод“,
рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со премиерката Ана Брнабиќ во Белград.
Тоа значи, додаде тој, пристап до гасот што ќе од ЛНГ-терминалите во Витуза и Александрополи, како и до постојните гасоводи ТАБ и ТАН.
Со овој гасовод, со постојниот што е поврзан од Жидиливо до Битола, како и третиот што веќе се преговара со нашите стратешки партнери и со соседна Бугарија, а тоа е гасоводот Петрич – Струмица, премиерот нагласи дека кај Неготино ќе има три интерконектори.

„Раскрсница на три гасоводи што дава можност за изградба на енергетски капацитет којшто според мене и според претседателот на Србија треба да биде регионален проект кој ќе обезбедува производство на електрична енергија за регионот и кој ќе биде заедничко вложување на земјите од регионот. На таков начин прво ќе обезбедиме енергетска стабилност и независност на компаниите и нашите граѓани“,
рече Ковачевски.