Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од сабота, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат, јави МИА од Белград.
„Благодарение на ИТ системот, можеме да имаме целосно електронски ковид сертификати. Тие веќе се споделени со Светската здравствена организација, како и со други земји кои се надеваме ќе ги прифатат“,
изјави Брнабиќ.
Според Брнабиќ, во Србија две дози вакцини против коронавирусот примиле 25,6 отсто од граѓаните, односно 1 462 125 лица. Според официјалните податоци во Србија, има голема разлика во бројот на вакцинирани од град во град. Така, во Белград е најголем интересот за вакцинирање против ковид, а досега се вакцинирале околу 600 илјади граѓани.
Брнабиќ кажа и дека меѓу хоспитализираните низ Србија, кои се нешто помалку од 5 000, 98% од нив не биле вакцинирани.