Кризниот штаб на Србија донесе одлука за собир до 1 000 луѓе во публика на спортски натпревари. Ова олабавување на мерките ќе стапи во сила од 1 јуни и ќе се однесува на спортски настани кои се одржуваат на отворено.
Епидемиологот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ изјави дека на седницата на Кризниот штаб, со која претседавала премиерката Ана Брнабиќ, едногласно било решено да се релаксираат мерките во согласност со моменталната епидемиолошка состојба.
Навивачите и гледачите на спортските натпревари ќе мора да се придржуваат на одредени мерки со цел заштита од коронавирусот како што е држењето на препорачаното растојание.