Во зеднички интерес е да се помести одбранбената линија на југ затоа што така ќе се обезбеди подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија, смета министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто
Австрија, Унгарија и Србија заеднички ќе ја зајакнат граничната контрола кон Северна Македонија со цел да се запре зголемениот број мигранти кон Европската Унија. Ова е соопштено по трилатералната средба на претставниците на трите земји.

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто на крајот од средбата истакна дека трите земји не ги бранат само своите граници, туку и оние на ЕУ.
Според Сијарто во зеднички интерес е да се помести одбранбената линија на југ затоа што така ќе се обезбеди подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија и во однос на опремата и на работната сила.
„Унгарија е подготвена на учествува во тие заеднички напори за одбрана на јужната граница на Србија, без разлика дали станува збор за персонал, технологија или опрема, а се со цел да се обезбеди најдобра можна заштита на границата меѓу Србија и Северна Македонија“,
вели Сијарто.
Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин вели дека една од првите мерки ќе биде адаптација на визната политика на Србија кон Европската унија.
Тој додаде дека значи прилагодување на визната политика според оние земји од кои доаѓаат најголем број мигранти, а со цел да се намали притисокот врз земјите од Европската унија.
Министерот Вулин најави дека трите земји ќе формираат заеднички сили за заштита на границите на ЕУ, дека Србија ќе го зголеми бројот на полицајци на таа работа и дека европските партнери ќе и пружат голема помош на Србија за техничката опрема на нејзиниот персонал.
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер рече дека ќе најдат решение да се заштитат и дека проблемот со приливот на мигранти бара прекугранична соработка.