Пренесувањето на спорните прашања меѓу двете земји во ЕУ нема да придонесе за стабилност на Унијата, вели бугарскиот вицепремиер
Според бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, позициите на неговата земја кон С Македонија се во согласност со европските интереси и нема да влијаат на стабилноста на ЕУ.
„Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и С Македонија во Европската Унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата. Затоа нашата позиција е правилна и синхронизирана со европските и со националните интереси“,
изјави Каракачанов во Варна, како што пренесува БНР.