Одлуката на Кривичниот суд Скопје Даравелски да добие ново судење, како што објави ТВ Телма, ја потврдил тричлен совет на Апелацискиот суд во чиј состав биле судиите Тања Милева, Ѓоко Ристов и Лирије Ајрулау. Кривичниот и Апелацискиот суд дозволија Даравелски да добие ново судење повикувајќи се на законската одредба дека од моментот кога дознал за пресудата до моментот кога го поднесе барањето за повторно судење (11 јануари 2023) не поминале повеќе од една година
Телевизијата вчера објави дека поранешниот директор на Царинската управа уште во 2009 година барал помилување од тогашниот претседател Бранко Црвенковски за правосилната седумгодишна затворска казна
Според Апелацискиот суд Скопје Драган Даравелски дознал дека е осуден кога во јануари од граничниот премин Табановце, каде се појави по две децении поминати во бегство, бил префрлен во скопскиот затвор Идризово, објави ТВ Телма.

Апелацискиот суд како и Основниот кривичен суд Скопје му дозволија на Даравелски да добие ново судење повикувајќи се на законската одредба дека од моментот кога тој дознал за пресудата до моментот кога го поднесе барањето (11 јануари 2023) не поминале повеќе од една година.
Одлуката на Кривичниот суд, како што објави телевизијата, ја потврдил тричлен совет на Апелацискиот суд во чиј состав биле судиите Тања Милева, Ѓоко Ристов и Лирије Ајрулау.
Но, Телма вчера објави дека поранешниот директор на Царинската управа уште во 2009 година барал помилување од тогашниот претседател Бранко Црвенковски за правосилната седумгодишна затворска казна.
Барањето за помилување од Даравелски било поднесено до Црвенковски само неколку дена пред завршувањето на мандатот, за што телевизијата добила потврда и од претседателскиот кабинет. Црвенковски барањето, тогаш, експресно го одбил.
„Во евиденцијата на Кабинетот има примено барање за помилување од Драган Даравелски и одговор од 4 мај 2009 година“,
одговориле од претседателскиот кабинет, објави вчера телевизијата.
Сепак, судиите на Апелација барањето за помилување не го споменуваат во својата одлука иако тоа наведува дека Даравелски уште пред 14 години знаел дека е осуден, а не дека за тоа дознал во јануари годинава.
Според нив Даравелски дознал дека е осуден на капијата на Идризово и како релевантна ја сметаат само неговата изјава во однос на денот кога дознал дека е осуден.
„Советот правилно утврдил дека осудениот за пресудата со која е осуден во отсуство дознал на 10.01.2023 година, кога бил спроведен во КПУ – КПД Идризово Скопје за издржување на изречена казна затвор во траење од 7 години. Не постојат околности кои укажуваат дека претходно дознал за пресудата, како релевантна се смета изјавата на самиот осуден по однос на денот на дознавање за пресудата“,
цитира телевизијата дел од одлуката на Апелација со која се потврдува одлуката на Основниот кривичен суд Скопје.
Апелацискиот суд, како што денеска објави Телма, напишал и дека Вишото јавно обвинителство Скопје сметало дека на Даравелски треба да му се суди повторно.
Во врска со тоа бил цитиран и членот 3 став 2 од Вториот додатен протокол на Европската конвенција за есктрадиција со која барање за екстрадиција и екстрадициски притвор какви што имало повеќе за Даравелски не се сметаат за запознавање на осудениот со елемнетите на кривичното дело.
„Кога замолената држава ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, тоа известување, страната молител нема да го смета за формално нотификација за целите на водење на кривчната постапка во таа `држава`“,
цитира уште еден извадок од одлуката телевизијата.
Правните експерти кои коментираа случајот во вчерашната емисија Топ Тема на Телма имаа единстевно лислење дека Даравелски ги искористил правните механизми за да се спаси правно и законски, без разлика на кривичното дело за кое веќе е осуден.
Доколку не бил пуштен на слобода, С Македонија ќе се соочела со пораз во судот во Стразбур.
„Секој што е суден во отсуство, да му се обезбеди повторување на постапката. Тоа е од аспект на праксата на судот во Стразбур и една од гаранциите на членот 6. Има исклучоци од тоа правило, има предмети за кои судот заземал друг став, најчесто во предмети во кои обвинетите, односно осомничените знаеле за постапката и намерно ја избегнувале, односно намерно не сакале да присуствуваат на судењата. Во такви случаи може да се донесе и пресуда во отсуство, но секој исклучок паѓа на тој што треба да го докаже“,
потенцираше во емисијата Костадин Богданов, поранешен владин агент во Европскиот суд за човекови права.
Новото судење за поранешниот директор на Царинската управа ќе значи и слобода за него, со оглед дека за делото злоупотреба за службената положба и овластувања настапила апсолутна застареност.
Тој се гонеше дека делото го сторил во периодот од 1999 до 2002 година, а му се судеше во отсуство со оглед дека избега во Србија каде што помина околу две децении.
Двапати беше приведуван од српските власти врз основа на потерница распишана од македонските судови, но никогаш не беше испорачан. Државата, во меѓувреме, во четири наврати бараше и екстрадиција, но залудно.
Даравелски им стана достапен на домашните органи на прогонот кога на 10 јануари годинава сам се појави на граничниот премин „Табановце“, каде што веднаш беше приведен и префрлен во затворот „Идризово“. Веќе наредниот ден поднесе барање, а откако му беше одобрено по 35 дена поминати во ќелија излезе на слобода од каде што ќе го чека новото судење.