Од компанијата очекуваат дека „Старшип“ ќе биде подготвен за мисии што вклучуваат слетување на Месечината, што веројатно треба да се случат во 2027 година
Компанијата „Спејс икс“ на милијардерот Илон Маск го откажа пробниот лет на десеттата мисија на ракетата „Старшип“ од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање, пренесува Ројтерс.
Ова следува по серија неуспеси што се случија годинава за време на претходните тестови, што ги одложи клучните развојни пресвртници за ракетата.

Ракетата „Супер хеви“, која е висока 70,7 метри и нејзиниот горен дел „Старшип“, висок 52 метри, беа поставени на лансирната рампа во објектот „Старбас“ на „Спејс икс“, додека се полнеа со гориво пред полетувањето.
Но, околу половина час пред закажаното лансирање, „Спејс икс“ објави дека лансирањето е одложено поради проблеми на местото на лансирање.
Како и во минатите случаи, од компанијата изјавија дека се надеваат оти ќе го решат проблемот и ќе го повторат лансирањето.
Во минатото вакви слични одложувања на лансирање на ракетата се решаваа за неколку дена.
Сепак, според „Спејс икс“, следниот обид за лансирање на „Старшип“ се очекува да се случи денеска.
Оттаму се надеваат дека „Старшип“ ќе биде подготвен за мисии што вклучуваат слетување на Месечината, што веројатно треба да се случат во 2027 година.