Владата прави анализа на она што досега е постигнато со вонредната состојба, како и во делот на здравствената криза. Намалување на бројот на инфицираните но и импликациите врз економијата ќе бидат основа дали ќе има предлог до претседателот за нова вонредна состојба, изјави премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Спасовски рече дека ваква одлука ќе биде донесена следните денови.
Прашањето беше во контекст на најавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој во изјавата по лидерската средба рече дека во зависност од вонредната состојба. Ќе зависи кога би можело да се одржат изборите. Притоа тој спомена неколку сценарија- да нема продолжување, да биде продолжена за еден месец, за две недели или една недела.