Во пресрет на најавените протести, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски порача дека граѓаните имаат право на протест и тоа не може никој да го суспендира, но апелираше истите да бидат мирни и демократски
Спасовски на својот официјален фејсбук профил апелираше организаторите и граѓаните да покажат демократски капацитет
„Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо“
напиша Спасовски

Тој наведе дека постојат најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции.
Вчера, подвлече министерот Спасовски, имало обид за ескалација и четворица повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот.