Техничкиот премиер Оливер Спасовски очекува дека по изборите и формирањето на новиот парламент ќе се спроведе долгоочекуваниот попис.
„Очекувам дека по изборите и формирањето на парламентот, сите овие прашања кои оправдано или неоправдано се одолговлекуваат да бидат направени, вклучително и пописот“,
вели Спасовски.
Тоа, нагласи тој, е важно не само заради преговорите со ЕУ туку и за планирањето на политиките, за економијата, за следење на демографските процеси.
Тој вели дека за него пописот е исклучително статистичка операција, но смета дека е добро за него да има консензус од сите политички партии за да не дојде до ситуација некои од политички причини да го оспорува.
„Добро е да се утврдат правила кои едноставно ќе бидат факти од кои нема бегање. Да се утврдат правила кои ќе бидат прифатени од секој“,
рече премиерот.
