Премиерот Оливер Спасовски очекува земјите од регионот наскоро да постигнат договор и да донесат одлука за отворање на границите.
Спасовски додаде дека е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои, како што истакна, се разговара за отворање на границите.
„Неодамна напоменав дека одржавме и една конференција која имаше за главна цел отворање на границите и отворање на можностите меѓу државите од регионот. Тоа е најважно затоа што, ако ги отвориме границите, ќе имаме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и тогаш економијата ќе доживее своја експанзија. Јас очекувам дека таков договор ќе биде постигнат и наскоро ќе може да носиме одлуки за отворање на границите за целиот овој регион“,
рече Спасовски
