Оваа криза покажа дека институциите на системот и здравствениот систем функционираат добро, а тоа го потврдува и фактот дека прв пат бележиме поголем број на излекувани пациенти од бројот на активни случаи, смета премиерот Оливер Спасовски.
Тој на профилот на Фејсбук им се заблагодари на здравствените работници и на сите граѓани коишто се придржуваат до мерките и најавува дека борбата сѐ уште не е завршена.
Апелира сите заедно да продолжиме да ги почитуваме тн. меки мерки, да се држи растојание од два метра од лицата околу нас во затворени и отворени простори, задолжителното носење заштитна опрема за покривање на устата и носот и да нема групирање.
„Само така ќе успееме да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови“,
вели премиерот Спасовски во објавата на Фејсбук.