Оваа посета меѓу министерот Спасовски и експремиерот Заев се случува откако на почетокот на месецот, Фондацијата Заев донираше шест мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел да се зголеми на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи вечерва на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека во рамките на неговата посета на Струмица, ја посетил и Фондацијата Заев каде што се сретнал и со директорот на Фондацијата, односно со поранешниот премиер Зоран Заев.

напиша Спасовски.
„Благодарност од срце за иницијативите на Фондацијата Заев за остварувањето на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси, преку унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина“,
Според него, заедно продолжуваат со соработката која, како што рече, значи европска трансформација на општественото живеење во нашата држава.
Оваа посета меѓу министерот Спасовски и експремиерот Заев се случува откако на почетокот на месецот, Фондацијата Заев донираше шест мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел да се зголеми на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР.
Тогаш, директорот на Фондацијата и експремиерот Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата“,
објави МВР.
Тогаш, Спасовски потенцираше дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.