Техничкиот премиер Оливер Спасовски преку социјалните мрежи порача дека датумот за избори е завршена тема за Владата.
„Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните“,
напиша Спасовски.
Вонредната состојба завршува утре и Владата е на став дека изборите според Уставот треба да се одржат во рок од 22 дена од нејзиното завршување.
