Актуелната власт подолго време најавува промена на регистарските таблички со нови во боја, а се споменуваше и воведување механизам преку кој секој граѓанин ќе може да пријави злоупотреба на службено возило
Директорот на Службата за општи и заедничи работи (СОЗР), Ивица Томовски, се очекува утре на прес конференција да изнесе детали околу спроведувањето на владината одлука од јули годинава, според која, на сите државни институции им е наложена обврска за замена на регистарските таблички на службените возила со специјални таблички во црвено-жолта боја за полесно препознавање.

Рокот на спроведување на обврската истекува на 15 септември.
Покрај Томовски, на прес-конференцијата која е најавена за утре се очекува да присуствуваат и министерот за внатршени работи Панче Тошковски и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.
Актуелната власт подолго време најавува промена на регистарските таблички со нови во боја, а се споменуваше и воведување механизам преку кој секој граѓанин ќе може да пријави злоупотреба на службено возило.