Состанокот е на барање на Данска, Франција, Грција, Обединетото Кралство и Словенија, а според извештајот на Советот за безбедност на ОН, сите членки освен САД го поддржале потегот за свикување на седницата
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за денеска свика итна седница во врска со планот на Израел за целосно преземање на градот Газа.

Состанокот, кој е на барање на Данска, Франција, Грција, Обединетото Кралство и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време. Според извештајот на Советот за безбедност на ОН, сите членки освен САД го поддржаа потегот за свикување на седницата.
Доколку планот на Израел за целосно преземање на градот Газа се реализира, на израелските власти ќе им овозможи контрола врз околу 85 отсто од Појасот.
Планот, одобрен од Кабинетот за безбедност на Израел, предизвика лавина меѓународни критики. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече опасна ескалација во 22-месечната војна во Појасот Газа.