Седницата е закажана за 11 часот, а по неа е најавено обраќање до јавноста на шефот на државата
Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска треба да се одржи седница на Советот за безбедност на која, според најавата, ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.
На состанокот се очекува да присуствуваат редовните членови: Талат Џафери – претседател на Собранието; Димитар Ковачевски – премиер; Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи; Славјанка Петровска – министерка за одбрана; Бујар Османи – министер за надворешни работи; Ненад Марковиќ – професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“; Ветон Љатифи – професор на Универзитетот на Југоисточна Европа; и Трајан Гоцевски – поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.
На покана на претседателот, како што соопштија од неговиот кабинет, на седницата на Советот ќе присуствуваат и: Еролд Муслиу – директор на Агенцијата за разузнавање; Виктор Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски – началник на Генералштабот на Армијата.
Седницата е закажана за 11 часот, а по неа е најавено обраќање до јавноста на шефот на државата.