Каков ќе биде одговорот на вработените и на раководството на ЈСП по ваквиот исход допрва ќе се знае. Но, имајќи предвид дека пред почетокот на седницата од Синдиокатот на ЈСП рекоа дека вработените нема да бидат задоволни со парцијални решени и дека во таков случај ќе биде стопиран јавниот градски превоз во Скопје, можно е да се очекува дека тоа ќе биде случај наредните денови
Доколку се изгласаа субвенциите, вработените беа потготвени денеска попладне да се вратат на улиците на главниот град. Покрај автобусите на ЈСП, поради настанатата ситуација не сообраќаат ниту автобусите на приватните превозници
На расправата беше воочилива поларизираноста меѓу директорот на ЈСП, градоначалничката Данела Арсовска и советниците од СДСМ од една и нивните колеги од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од друга старана, според кои ЈСП работи нетранспаретно, неотчетно и не ги спроведува одлуките донесени од Советот на Градот
Советот на Град Скопје на дешената вонредна 13. Седница не ја донесе одлуката за давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за 2024 година, а во чие очекување вработените во претпријатието утрово во 9 часот прекинаа да сообраќаат по скопските улици, во знак на протест бидејќи поради неисплатените субвеници ја немаат добиено декемвриската плата.

Барањето за доделување на субвенции го поддржаа 22 членови на Советот, 11 гласаа „воздржано“, а советници кои се изјаснија „против“ немаше.
„Како резултат на гласањето констатирам дека одлуката за давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие ‘Скопје’ не е донесена“,
соопшти на крајот претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески и ја затвори седницата.
За да поминеше барањето за субвенции за него требаше да гласаат 23 од вкупшно 45 советниците, колку што брои Советот на Град Скопје, односно одлуката не беше донесена за еден глас.
Каков ќе биде одговорот на вработените и на раководството на ЈСП по ваквиот исход допрва ќе се знае. Но, имајќи предвид дека пред почетокот на седницата од Синдиокатот на ЈСП рекоа дека вработените нема да бидат задоволни со парцијални решенија и дека во таков случај ќе биде стопиран јавниот градски превоз во Скопје, можно е да се очекува дека тоа ќе биде случај наредните денови.
Доколку се изгласаа субвенциите, вработените беа подготвени денеска попладне да се вратат на улиците на главниот град. Покрај автобусите на ЈСП, поради настанатата ситуација не сообраќаат ниту автобусите на приватните превозници.
Како течеше расправата
Ве повикувам да ја изгласате оваа одлука за да може луѓето да се вратат на работа и да ги земат заслужените пари. Ова беше пораката што директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Крсте Петревски, ја испрати од говорницата во Советот на Град Скопје, додека околу 400 врабвотени на ЈСП се сообраа пред бараките на Град Скопје во исчекување дали Советот ќе ги изгласа субвенциите за претпријатието за 2024 година во висина од 11 милиони евра, за да можат навреме да ги добиваат своите плати.
Вработените и раководството на ЈСП се решија на ваквиот чекор затоа што субвенциите не се изгласани, иако нивната исплата е предвидена во Буџетот на Град Скопје за 2024 година. Поради настаната ситуација, тие сè уште немаат земено плата за декември.
Петревски, беше прв говорник на денешната 13. вонредна седница.
На расправата беше воочилива поларизираноста меѓу директорот на ЈСП, градоначалничката Данела Арсовска и советниците од СДСМ од една, и нивните колеги од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од друга старана, според кои, ЈСП работи нетранспаретно, неотчетно и не ги спроведува одлуките донесени од Советот на Градот.
„Деновиве ЈСП се соочува со недостаток на средства за исплата на плата. Бидејќи истата оваа седница се одржуваше на 28 декември чинам, на која субвенциите иако беа изгласани во буџетот, одлуката за исплата на субвенциите не беше однесена на таа седница“,
рече директорот на ЈСП.

Тој накратко, ги образложи и едновремено ги отфрли тезите, кои, како што рече деновиве се пласирале во јавноста, а тоа е дека претпријатието ги троши средствата без контрола и без отчет пред Советот на Градот.
„Најпрво сакам да ви кажам дека Управниот и Надзорниот одбор на ЈСП се изгласани од владејачкото мнозинство на овој Совет. Имаат увид во работењето на претпријатието и сите квартални извештаи се прифатени од Советот. Јас како директор на Јавното претпријатие, минатата година, чинам во ноември и декември неколку пати детално ви ги образложив детално сите извештаи“,
рече Петревски.
Петревски и Арсовска: Нема превработеност во ЈСП
Тезата дека нема отчетност за трошењето на парите тој ја отфрли уште на самиот почеток, набројувајќи ги притоа сумите што ЈСП месечно ги троши во однос на разни ставки.
„За да нема забуни ќе ги набројам основните трошоци. Значи ЈСП троши меѓу 45 и 50 милиони (денари) за нафта месечно, дваесетина милиони месечно троши за це-ен-ге или метан, 30 милиони исплаќаме на приватниците месечно. Значи, само тие три трошци на ЈСП се околу стотина милиони денари месечно, а каде се тука гуми, резеврвни делови, масло, електрична енергија, греење за тековно функционирање на ЈСП“,
рече Петревски.
Месечните приходи кои ги собира јавното претпријатие, како што наведе тој, изнесуваат 70 милиони денари и се од продажбата на билети и од договорите кои ги имаат со училиштата за превоз на ученици. Приходите, посочи тој, се ограничени на оваа сума, затоа што 70 проценти од од патниците кои ги превезуваат по разни програми ги возат бесплатно и поради тоа субвенциите со години се гласаат и тие пари се трошат за плати на вработените.
„Вработени се доведени во ситуација да излезат на штрајк бидејќи немаат земено плата заради тоа што одлуката за субвенциуи не се изгласа“,
рече директорот.
Според него не држи ни втората теза која се пласира во јавноста, а тоа е дека претпријатето се превработува. За ова тој се повика на податоци за бројот на вработени во последните пет години.
„Еве да ви кажам само споредбени податоци за неколку години наназад. Еве на пример за 2019 година ЈСП имал 1 536 вработени, во 2020 година 1 627 вработени, во 2021 година – 1 602 вработени, во 2022 година -1 426 вработени и 2023 година – 1 298 вработени. Значи тезата дека претрпирјатието е превработено и се вработуваат луѓе во ЈСП не држи вода“,
рече директорот на ЈСП.
Тој предупреди дека ако сега не се изгласа одлуката за исплата на субвенциите или се донесе парцијално решение, напролет, вработените во претпријатието повторно ќе се соочат со истата ситуација, само што тогаш не ќе може да се донесе никаква одлука бидејќи стапуваат на сила ограничувањата поради претстојните избори – претседателски и парламентарни.
На иста линија со него беше и градоначалничката Арсовска, која во своето обраќање повтори дел од наводите што претходно ги изнесе директорот на ЈСП „Скопје“. Таа, исто така, отфрли дека во ЈСП имало превработување и партиски вработувања.
„Значи вработувањата не се зголемени. За 300 е намален бројот на вработувањата. Расчистени се оние што не одеа на работа, оние кои не работеа и никакви вработувања нема. Значи, само тековно работење и да потенцирам, намалување на бројот на вработените за 300 што би требало да укаже за ефективноста и ефикасноста и начинот на којшто може да се води и да се работи дури и со 300 помалку од бројот на вработени во изминатите години. Би сакала денеска да ве повикам тука, затоа што ги слушнавте аргументите, да гласате за вработените да можат да ја земат декемвриската плата затоа што ја заслужиле“,
рече Арсовска.

Таа рече дека до Советот имало барања за свикување на вонредна седница на 10 јануари за да се изгласаат сите потребни одлуки програми за јавните претпријатија, за нивно непречено функционирање.
„Наместо тоа, покрај ЈСП некој тука сака да креира иста ваква слика во останатите јавни претпријатија за кои исто така средства по основ на програми упорно не ги гласате и одговорноста за таа криза исто така ќе ја носите вие на грб. Прилог кон барањето за свикување редовна седница каде што точката за предлог давање субвенции за ЈСП за 2024 година е точка број 1. Ова е документ од 15 јануари каде што се детектира дека и покрај тоа што ви се доставени точките, точката за субвенционирање на ЈСП е тргната од дневен ред. И ова навистина е сериозно нарушување на само со Деловнкот туку и играње со судбината со овие луѓе кои не можат да си однесат плата дома. И последното барање за свикување вонредна седница од 18 јануари на коешто повторно се ставаат предлог три одлуки и некој дискреционо си зема право на дневен ред да стави само една, за понатаму да може свесно да креира кризи како што имавме тука. Овие луѓе ја заслужиле оваа плата и треба да ја добијат“,
рече Арсовска.
Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ: За ваквата ситауција е виновен менаџментот на ЈСП
Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, рече дека тврдењта на директорот на ЈСП за детални извештаи за работењето на ЈСП доставени до Советот се лага и дека претпријатието не спровело неколку одлуки донесени од Советот за проширување а неколку линии и воведување на нови.
„Лага е тоа дека сте ни доставиле извештаи, извештаите што ги нарекувате квартални се штури извештаи“,
рече Андоновска.
Таа, како и дел од нејзините колеги од партијата, го посочија времето кога градоначалчник беше Коце Трајановски и како тогаш претпријатието функционирало со 150 милиоини денари субвенции, а сега не може со седум пати поголема сума. За ваквата ситуација таа го обвини менаџментот на ЈСП.
„Ќе се навратам на времето кога Коце Трајановски беше директор, ако со 100 милиони субвенции можеше да фунцкионира ова претпријатие, за сега да не може со 780 милиоини денари. Значи имаме некаков проблем во работењето, во менаџментот. Не можете проблемот да го барате овде кај нас. Ние правиме онолку колку што можеме, поставуваме прашања на коишто не добиваме одговори. Зборуваме дека луѓето не треба да чекаат, туку да имаат квалитетен јавен градски превоз, а не го добиваат тоа затоа што не ги реализирате одлуките. Ве прашуваме, што е проблемот, каде се парите, велите ви дадовме извештаи. Не, не дадовте извештаи, штури се тие. Не сте отчетни, не сте транспаретни“,
рече Андоновска, со што се согласи и нејзиниот колега Филип Јаневски.

Вработените во ЈСП треба да потестираат пред белата палата, рече советникот Шутаров од СДСМ
Нејзиниот колега советник од СДСМ, Гордан Шутаров, пак, рече дека потполно ги поддржува и ги разбира вработените во ЈСП „Скопје“ кои денеска излегоа на протест, а како директно одговорна за блокадите во коишто се наоѓа претпријатието ја посочи ВМРО-ДПМНЕ.
„Потполно ги поддржувам и ги разбирам вработените во ЈСП, но доколку денеска не се даде зелено светло за ЈСП за вработените да си ги земат платите за декември кои ги сработиле, тогаш протестите не треба да бидат пред советот на Град Скопје туку од утре можат слободно да си ги прават на плоштадот ВМРО пред белата палата којашто е директно одговорна за блокадите во коишто ЈСП се наоѓа и за блокадите во советот на Град Скопје“,
изјави Шутаров.

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски, кој е од редовите на ГРОМ, посочи дека во времето кога градоначалник на Скопје бил Коце Трајановски, субвенциите за ЈСП биле 150 милиони денари, затоа што, како што рече, тогашната влада го финансирала претпријатието со уште шест до осум милиони евра.

„Кохезијата на централната и локалната власт во тоа време функционираше беспрекорно и мене многу ми е жал што некој друг надвор од вмровската политичка провиниенција треба да ви го каже името на Никола Груевски дека човекот беше посветен и малку подетално влегуваше во проблематиките за некои работи да профункционираат и некои работи да бидат беспрекорно функционални особено во интерес на граѓанит“,
рече Трајановски.
По завршувањето на седницата преку писмено соопштение се огласија од Град Скопје, од каде велат дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучиле да тераат инает со граѓаните.
„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата а граѓаните на градот Скопје без превоз. ВМРО-ДПМНЕ се деструктивна партија која нема слух за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје се изживува со луѓето без грам совест и без грам одговорност. Ова е скандалозно, непринципиелно и нечовечки“,
се наведува во соопштението на Град Скопје.