Приватните превозници ќе добијат 20 денари плус за изминат километар, со акенс на договорот од 1 јануари 2025 година, а тој ќе важи до мај кога истекуваат нивните договори
Со 28 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниту еден против, советниците на Град Скопје доцна вечерва ја изгласаa одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги по критериумот повисок километар. Со тоа, приватните превозници ќе добијат повисока цена по изминат километар. Но, ова нема да значи поскап билет за граѓаните, туку парите се обезбедени од буџетот на Градот Скопје за следната година.
Приватните превозници ќе добијат 20 денари плус за изминат километар, со акенс на договорот од 1 јануари 2025 година, а тој ќе важи до мај кога истекуваат нивните договори.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на почетокот на седницата ја претстави целата хронологија на случувањата по ова прашање, како и за одржаната 16. вонредна седница.
„Со оглед на тоа што службите на Град Скопје, односно Секторот за поддршка на Советот тогаш не го изготви или не го даде заклучокот за да го проследам до градоначалникот, но тој беше подготвен и проследен до градоначалникот. Градоначалникот по закон има обврска во рок од седум дена да го објави прописот, во овој случај заклучок или ако не го објавува да даде образложение зошто не го објавува. Тоа не е направено. Поради тоа, јас како претседател на Совет поднесов претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа и тие извршија надзор, изготви записник во кој беа констатирани неправилности во работата на администрацијата на Град Скопје од аспект на бојкот за неброење на гласовите, неизготвување на прописи и итн. И вчера на 23 декември претходеше записник, донесено е решение од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа со кое што се изрекува мерка опомена на градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска. Опомената се изрекува токму поради непостапување за необјавување на пропис во Службен весник, во овој случај заклучокот во дадениот рок и недавање образложение зошто тоа не е направено“,
рече тој.
Цветанка Соколова Младеновска, раководител на сектор во Град Скопје нагласи дека по однос на поднесената иницијатива и дневниот ред на вонредната седница, раководителите на секторите реагирале уште истиот ден и доставиле известување до претседателот на Советот со кое што укажале дека нема да изработат документ спротивно на законските прописи, со оглед на тоа што, како што рече, заклучокот кој бил предложен не бил донесен од страна на советниците.
„За таа цел беше доставена и претставка до Инспекторатот за локална самоуправа. Пред да дојде на надзор Инспекторатот, од страна на претседателот на Советот беше изготвен записник, односно заклучок кој беше доставен до градоначалник на Град Скопје. По однос на заклучокот, градоначалникот достави известување во кое што укажа дека самиот документ кој е насловен како заклучок не е изработен од страна на стручните служби во градската администрација, кој што не само согласно Деловникот туку и согласно одлуката за внатрешна организација се единствено одговорни и надлежни за изготвување на вакви акти пред други акти во надлежност на Советот. Така, изготвениот записник од седницата беше доставен до претседателот на Совет кој изврши своевидна корекција надвор од деловнички пропишаната постапка за изготвување на записник и доставување до советниците“,
реече таа.
Инаку, приватните превозници бараа зголемување на цената по изминат километар без да прецизираат цена, а на средба со советниците од ВМРО-ДПМНЕ договорија зголемувањеето да биде 30 денари. Но, оваа цена не беше прифатлива за градската администрација, бидејќи била изгласана без никава пресметка и анализа со законска формула.
Во период од две недели беше изработена анализа, по која денеска и гласаа советниците.
Јавниот градски превоз изминатиот период неколкупати се најде се најде во фокусот на јавноста зашто приватните превозници во знак на револт ги исклучуваа автобусите од сообраќај, со што бараа зголемување на цената за изминат километар.