Градоначалничката Арсовска влезе во клановска битка со политичка партија и во рамките на таа битка одлучи да брка луѓе од работа од „Комунална хигиена“ две години по нејзиното стапнување на функцијата градоначалник, вели советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски
Андоновски вели дека иако градоначалничката јавно се пофалила дека извојувала победа и Скопје е чисто, во обиколката која тој ја направил денеска, забележал дека контејнерите покрај булеварите не се чисти, а не биле чисти ниту споредните улици кои требало да бидат целосно исчистени денеска.
„Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано, дека главните градски улици се чисти и сега се чистат споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е сè уште присутна“,
рече тој.
Тој кажа дека градоначалничката Арсовска намерно им ги затворила портите од „Дрисла“ на градоначалниците на скопските општини Аеродром и Кисела Вода со цел да претстави лажна слика дека таа го решава проблемот со сметот на скопските улици, па затоа на следната седница на Град Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат од надзорните и управните одбори на ЈП „Дрисла“ да покренат постапка против директорот.
„Ова затворање на депонијата ‘Дрисла’ мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас, и додаде дека со тоа се блокирала акцијата на градоначалниците. Јас проверував дали депонијата ‘Дрисла’ има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците“,
вели Андоновски.