Мајкл Волц бил избран од кругот на најблиски соработници на претседателот Доналд Трамп да му каже на Зеленски дека треба да ја наушти Белата куќа по исклучително непријатната случка во Овалната соба
Мајк Волц, потврди дека нему му била доверена задачата да му каже на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и на неговата делегација дека е време да заминат од Белата куќа.
Мајкл Волц, советникот за национална безбедност на претседателот Трамп
Волц во интервјуто за Фокс њуз рече дека тој, државниот секретар Марко Рубио и другите високи функционери го советувале претседателот, речиси едногласно, дека по таа, како што ја нарече, навреда во Овалната соба, едноставно не гледаат како процесот може да оди напред и дека тој бил испратен да ја пренесе пораката дека Зеленски повеќе не е добредојден.
Прашан дали Зеленски увидел што се случило Волц одговори:
„Не, не. Искрено, неговиот тим го стори тоа. Неговиот амбасадор и неговиот советник беа практично – мислам, тие беа практично во солзи сакајќи процесот да продолжи напред. Но Зеленски сè уште не беше убеден. Му реков времето не е на ваша страна на бојното поле. Времето не е на ваша страна во однос на светската ситуација и, што е најважно, помошта од САД и толеранцијата на даночните обврзници не е неограничена“, изјави Волц.
Вчерашната средба меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа
По тензичната и напната средба меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не смета дека треба да му се извини на својот домаќин, додавајќи дека го почитува претседателот на САД и американскиот народ.