Разговорите меѓу Украина и Русија започнаа денеска на границата со Белорусија, a претходно, кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека целта на Украина во разговорите е итен прекин на огнот и повлекување на руските сили од Украина.
Преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија се во тек. За неколку минути треба да почне и третата рунда разговори, објави денеска на Твитер советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Разговорите меѓу Украина и Русија започнаа денеска на границата со Белорусија, потврдил за Ројтерс преку СМС порака советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Претходно, кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека целта на Украина во разговорите е итен прекин на огнот и повлекување на руските сили од Украина.
Украинската делегација во Белорусија ја предводи министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, и во неа заедно со Подољак, се и лидерот на партијата Слугата на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.
Руската делегација, пак, ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на руската Дума Леонид Слуцки.