Социјалната мрежа Твитер вчера го блокираше коментарот на Скот Атлас, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој се спротивставува на носењето маски.

„Дали маските служат за нешто? Не. Нема смисла да се носат насекаде“,
напиша Атлас, кој се влезе во Белата куќа во август како советник за наука.
Според правилата на Твитер, наложено му е да го избрише твитот, поради политиката против ширење дезинформации за коронавирусот.
Тоа подразбира забрана за објавување лажни или погрешни информации кои се однесуваат на здравјето на луѓето.
Во вакви случаи, Твитер го суспендира профилот на корисникот додека не се избрише коментарот.
„Не разбирам зошто беа избришани моите коментари. Мојата намера беше да му покажам на светот дека носењето маски не е толку ефикасно како што се смета и дека е во ред да се носи маска кога нема место за физичка дистанца“,
изјави Атлас.
Коментарот на советникот на Трамп се појавува во време кога бројот на заразени во светот секаде е во пораст, а здравствените власти секаде советуваат носење маски како една од мерките за лична заштита. Сепак, Трамп и неговиот тим често се појавуваа во јавноста без маски во предизборната кампања.

И самиот Трамп во повеќе наврати го негирал значењето на маските во спречување на вирусот, дури и откако беше дијагностициран со ковид, од што во САД веќе починаа над 215 000. Сепак, тој сега почесто се појавува во јавноста со маска.