Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот фејсбук-профил објави дека советник од неговиот кабинет е позитивен на ковид-19.
„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 месецов, а тестот го направил на 6 месецов, кога е потврдено дека е позитивен“,
објави Чулев.
Тој тврди дека последен пат се сретнал со советникот на 24 минатиот месец и дека досега ниту едно лице од неговиот кабинет не е во изолација.
Кон крајот на минатиот месец, седум полицајци од Единицата за брзо распоредување кои биле испраќани како засилување на СВР-Охрид беа позитивни на ковид-19.
Четворица од нив присуствувале на прославата за Денот на полицијата, на 7 мај. За оваа прослава, Владата бараше одговорност од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев поради непостапување согласно препораките на здравствените власти за избегнување масовни собири.
