Тој со изнајмен велосипед се упати кон Градското собрание на Париз за да ја преземе функцијата, по што изјави дека градот ќе биде срцето на отпорот против крајната десна коалиција и крајната десница
Кандидатот на Социјалистичката партија, Емануел Грегоар, е новиот градоначалник на француската престолнина, Париз. Функцијата ќе ја преземе од неговата сопартијка Ан Идалго.

Како што пренесуваат светските медиуми, овие избори се индикатор за односот на политичките сили во Франција во очи претседателските избори закажани за наредната година.
Грегоар прогласи победа откако нецелосните резултати покажаа убедлива предност пред неговата противкандидатка поддржана од Републиканската партија, Рашида Дати, која освои околу 41 отсто од гласовите.
На третото место е кандидатката на Неосвоена Франција, Софија Шикиру, со 7,9 отсто од гласовите.
Грегоар со изнајмен велосипед се упати кон Градското собрание на Париз за да ја преземе функцијата, по што изјави дека градот ќе биде срцето на отпорот против крајната десна коалиција и крајната десница.
„Париз одлучи да остане верен на својата историја“,
рече тој пред насобраните.
Инаку, крајната десница најголем успех на изборите постигна во Ница, петтиот по големина град во Франција со изборот на Ерик Сиоти од редовите на републиканците, партијата што е во коалиција со партијата Национален фронт на Марин Ле Пен.
Партијата на Ле Пен загуби во неколку градови кои ги имаше означено како приоритетни.
Меѓу нив е и Марсеј, вториот по големина град во Франција, каде што победи досегашниот левичарски градоначалник Беноа Пајан.
