Во болниците во внатрешноста, пак, се лекуваат 411 пациенти кои се суспектни или позитивни на ковид-19, со што вкупната бројна на хоспитализирани во цела држава изнесува 667
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Дома се пуштени, пак, само седум пациенти со што моменталната бројка на хоспитализирани во главниот град изнесува 256.
Во болниците во внатрешноста, пак, се лекуваат 411 пациенти кои се суспектни или позитивни на ковид-19, со што вкупната бројна на хоспитализирани во цела држава изнесува 667.
Засега, слободни се 384 болнички кревети во ковид-центрите, од кои 70 се во Скопје.
Состојба во ковид-центрите во Скопје
Од хоспитализираните 256 во Скопје, најмногу се сместени на Инфективната клиника – 81 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 80.
На Кожната клиника се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26, на Институтот за ТБЦ 36, на Гинекологија 4, а на Детската клиника во Козле 13 болни.
Во внатрешноста најмногу хоспитализирани во Прилеп
Кога станува збор за состојбите во останатите градови во земјава, извештаите од Министерството за здравство покажуваат дека најмногу хоспитализирани има во прилепската болница – 73.
Следни со најмногу ковид-пациенти се болниците во Охрид – 55 и Куманово – 53.
Во болниците во другите градови, состојбата е следна: Кавадарци 45 пациенти, Битола и Штип по 32, Велес 26, Тетово 24, Струга 19, Струмица 17, Дебар 13, Кичево 8, Кочани 6 и Гостивар и Гевгелија по 4.
