Во Скопје се 702, а 986 се хоспитализирани во останатите градови
Во ковид – центрите во болниците во цела држава во моментов има 1 688 лица кои се лекуваат поради компликации од ковид.
Од нив 702 се во Скопје, а 986 во останатите болници.
Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти, од кои на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми, во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени двајца нови болни, а шест пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 пациенти, во „8 Септември“ има вкупно 140, а на Клиниката за инфективни болести 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 62 лица со ковид.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 148 пациенти, во Штип 89, во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 86, во Куманово 99 пациенти, во ковид – центарот во Охрид има 100 пациенти, во Прилеп 114, во ковид -центарот во Гостивар 44, а во Струга 20. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 35, Кавадарци 56, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
