Според нашите сознанија, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два часа порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22 часот, тој ќе почнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот изутрина
На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 720 пациенти со ковид-19, соопшти утрово Министерството за здравство, при што се истакнува дека има околу 230 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, односно вкупно 699 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника, шест пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести и на Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
Во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 1 021 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти со ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-9. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид-центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во секој момент се очекува да започне седница Владата, на која според сознанијата на „360 степени“ ќе се донесат нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот по препорака на Главниот координативен штаб.
Според нашите сознанија, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два часа порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22 часот, тој ќе почнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот изутрина.