Во ковид-центрите хоспитализрани се вкупно 1 498 пациенти, слободни околу 200 кревети
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 498 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 629 лица со ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември„ 16, потоа 9 на Инфективната клиника и двајца на Детската клиника, додека во Козле нема новопримени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ 118 , а на Клиниката за инфективни болести 138 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има17 деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти, во Штип се хоспитализирани 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 70 , а во Куманово 133 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104 во ковид – центарот во Гостивар 44, а во Струга 14. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 32, Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 лица.