Првичните информации од МВР се дека судирот настанал откако едно од возилата удрило во паркирани автомобили и канделабра
Сообраќајна незгода се случи на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае, во која според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, две лица се здобиле со полесни повреди.

Првичните информации од МВР за „360 степени“ се дека судирот настанал откако едно од возилата удрило во паркирани автомобили и канделабра.
На местото на настанот веднаш реагирале екипи на Брза помош, Противпожарната единица и полиција.