Според последниот, ажуриран извештај на АСМС во 15:10 часот, состојбата на граничниот премин „Ники“ од грчка, односно „Меџитлија“ од македонска страна е непромената, односно сообраќајот таму и понатаму е блокиран за товарни возила и автобуси
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна, односно граничен премин „Евзони“ од грчка страна, кој од 11 часот денеска беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15 часот е нормализиран во двата правци, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сепак, како што додаваат оттаму, не се исклучува можноста тој повторно да биде затворен во текот на денот.
Според последниот, ажуриран извештај на АСМС во 15.10 часот состојбата на граничниот премин „Ники“ од грчка, односно „Меџитлија“ од македонска страна е непромената, односно сообраќајот таму и понатаму е блокиран за товарни возила и автобуси.
Сообраќајот на граничниот премин „Дојран“, исто така на македонско-грчката граница, се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата, се вели и во последниот извештај на АМСМ.
Инаку, блокадата на граничниот премин „Евзони“ во одредени периоди од денот трае веќе неколку дена поради штрајк на грчките земјоделци.
Претходно утрово од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ за излез од земјава утрово се чека од половина час до 40 минути.
Што се однесува до државните патишта во земјава, сообраќајот на нив се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација на делниците каде што има можност од појава на одрони, како кај Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.
