Причина за ваквата состојба на граничните премини со соседна Грција се протестите на грчките земјоделци, распоредени со повеќе од 50 блокади низ целата држава
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна, односно граничниот премин „Евзони“ од грчка страна, денеска од 11 часот повторно е блокиран и за влез и за излез, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На граничниот премин „Ники“ од грчка, односно „Меџитлија“ од македонска страна, сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси.
Непречено се одвива сообраќајот на граничниот премин „Дојран“.
Причина за ваквата состојба на граничните премини со соседна Грција се протестите на грчките земјоделци, распоредени со повеќе од 50 блокади низ целата држава.
На границите поставуваат трактори, а секојдневно одлучуваат колку долго ќе го затворат преминот.
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на државните премини се одвива непречено, претежно по суви коловози.
Оттаму апелираат да се почитува поставената сигнализација на делниците каде што има можност од појава на одрони, како кај Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
