Сообраќајот е во прекин во двата правци, а засега нема повеќе информации за сообраќајната незгода

Поради сообраќајна незгода магистралниот пат Прилеп – Градско од попладнево е затворен за сообраќај во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
„Од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп – Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во двата правци“,
се наведува во соопштението од АМСМ.
Засега нема повеќе информации за сообраќајната незгода и дали има повредени лица.