Неколку лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи во атарот на битолското село Кравари.
Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензинска пумпа.
„Според првичните информации, во сообраќајната незгода учествувале три моторни возила и притоа повредени се неколку лица. Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници“,
известија од СВР-Битола.