Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз
Поради случена сообраќајна незгода на патот Куманово – Скопје кај клучката „Хиподром“, возилата се пренасочуваат, информираат утрово од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Засега од полицијата нема повеќе информации за сообраќајката.
Поради магла има намалена видливост на планинските премини Плетвар и Стража, како и кај Крушево.
Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, но без нивно задржување на коловозот.
Како што велат од „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Но, сите патни правци се проодни.
Појава на поситни одрони можна е на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
