Полицијата извршила увид, по што сообраќајот е пуштен во двата правци
Сообраќајна несреќа утрово се случи меѓу патничко и товарно возило на патот Берово-Виница, кај селото Будинарци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Поради тоа, од Автомото сојузот (АМСМ) соопштија дека има прекин на сообраќајот на овој потег.
„Околу 6 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип е пријавено дека на патот Берово-Виница се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко и товарно возило. Извршен е увид, по што сообраќајот е пуштен во двата правци“,
информираат од полицијата.
Оттаму велат и дека во сообраќајката две лица се повредени и се пренесени во Клиничката болница во Штип.