Констатирани се повреди кај возачот на тракторот и сопатникот во возилото „голф“, по што се пренесени на понатамошно лекување во велешката болница
Сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу две патнички возила и трактор на регионалниот пат Велес – Градско, на околу стотина метри по селото Ногаевци, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Во несреќата, според полицијата, се судрија две возила марки „голф“ и „форд“ и трактор без регистарски таблички.
„Несреќата е пријавена околу 6 часот, а увид изврши увидна екипа од СВР Велес“,
велат оттаму.
Констатирани се повреди кај возачот на тракторот и сопатникот во возилото „голф“, по што се пренесени на понатамошно лекување во велешката болница.
Како што претходно соопшти Авто-мото сојузот (АМСМ), сообраќајот на патниот правец Велес – Градско, кај крстосницата за село Ногаевци е нормализиран по прекин од речиси два часа.