Претходно, од Влада по денешната средба со претставници на СОНК соопштија дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение
И покрај денешните преговори во Владата, Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), од 11 април ќе започне со генерален штрајк, информираше претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.
„Советот на СОНК донесе едногласна Одлука за Генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата“,
напиша Неделков на Фејсбук.
Тој за телевизија Сител истакна дека школите и градинките од 11 април нема да работат до исполнувањето на барањата на СОНК – зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.
„Одговорот од Владата беше дека сме во економска криза, кризата со Украина и слично, но нашите плати, во просек од 25,000 денари не стигаат за задоволување на основните месечни потреби“,
изјави Јаким Неделеков, претседател на СОНК.
Во моментов, платите на вработените во градинките изнесуваат околу 23 000 денари, во основните училишта речиси 25 000, а во средните до 29 000. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35 000 денари.
„Во дејноста детска заштита, во градинките имаме 10 различни работни места со 10 различни бодови за вреднување на работно место сега ќе земаат иста плата – тоа е непочитување на закон и колективен договор“, изјави Јаким Неделков СОНК.
Претходно, од Влада по денешната средба со претставници на СОНК соопштија дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение за зголемување на вработените во образовниот сектор.