Министерката за труд и социјална политика пак, Јованка Тренчевска, истакна дека е оптимист дека договор сепак ќе се постигне пред да започне генералниот штрајк
Раководството на Независниот синдикат за образование и наука (СОНК) на чело со претседателот Јаким Неделков, вечерва повторно не успеа да се договори со Владата за зголемување на платите на средба одржана во Министерството за финансии.
„За жал немаме краткорочно решение со кое сега и веднаш ќе се зголемат платите за дејностите кои ги застапуваме за процент од 18,4 отсто . За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса. Од една страна излегуваме разочарани што немаме што да пренесеме ниту на јавноста ниту на членството. Очигледно, или несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април кој може да има сериозни последици за сите. Имаше изјави дека покачувањето може да предизвика потрес на буџетот и инфлација, но не верувам дека тоа е така“,
изјави Неделков по завршувањето на средбата за медиумите.
Министерката за труд и социјална политика пак, Јованка Тренчевска, истакна дека е оптимист дека договор сепак ќе се постигне пред да започне генералниот штрајк.
„Дијалог продолжува ние сме оптимисти дека ќе дојдеме до заедничко долгорочно решение до 11 април“,
изјави таа по завршувањето на средбата.
На прашањето што ќе се случи доколку нема воспитувач кој ќе го прими детето во градинка доколку не се постигна одговор, Тренчевска истакна дека Законот за детска заштита предвидува казни за тоа и дека градинката е должна да најде замени за сите што ќе штрајкуваат.
