Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Денеска времето во земјава во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а во текот на денот се очекува сончево време со мала од умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната дневна тепретарура ќе се движи во интервал од 10 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Од УХМР за утре најавуваат локални врнежи од дожд, а потоа ќе следи период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.