Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Сончево време со мала до умерена облачност се очекува во текот на денот. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне ќе биде променливо облачно, а во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 13 до 20 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.