Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според најавите од УХМР, ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
И во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури, малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.