За вториот ден од викендот УХМР најавува сончево и топло време, со што почнува период на претежно стабилно време со значителен пораст на температурите
Сончево и потопло со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 16 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 16 до 27 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 13 до максимални 27 степени.
За вториот ден од викендот УХМР најавува сончево и топло време со температури до 30 степени, со што почнува период на претежно стабилно време со значителен пораст на температурите.