Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови од земјата засилен северен ветер со брзина од над 70 километри на час
Сончево со мала до умерена локална облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови од земјата засилен северен ветер со брзина од над 70 километри на час. Рано изутрина во крајните источни делови можни се слаби врнежи од дожд.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 14 до 24 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 24 степени.
За наредните денови УХМР најавува повремено облачно, но претежно сончево и топло време со локална нестабилност и можност за врнежи од дожд во попладневните часови.