Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер, со максимална температура до 22 Целзиусови степени
Денеска во земјава нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервалот од 0 до 6 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 13 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура во Скопскиот Регион ќе се спушти до 5, а максималната ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.
Од утре до среда, УХМР најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен локален дожд и грмежи, главно во попладневните часови. Од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени.