Температурите ќе се движат во интервал од минимални 12 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 24 до 35 степени
Сончево со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурите ќе се движат во интервал од минимални 12 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 24 до 35 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер, кој ќе дува од северен правец. Температурите ќе бидат од минимални 17 до максимални 34 степени.
Во текот на наредните денови ќе се задржи сончевото и топло време.