До средината на следната седмица се очекува да се задржи сончево и топло време. Од среда ќе има зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура
Наутро посвежо, а преку денот времето ќе биде сончево и топло. Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) , ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степени.

До средината на следната седмица се очекува да се задржи сончево и топло време. Од среда ќе има зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.