Претстои период на сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, особено од четврток до средината на наредната седмица, кога дневните температури наместа ќе надминат и 40 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20, додека максималните ќе се искачат од 28 до 38 Целзиусови степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат од минимални 20 до максимални 38 степени.
УХМР информира дека претстои период на сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, особено од четврток до средината на наредната седмица, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе надминат и 40 степени.